Денеска започнуваат квалификациите за ЕУРО 2020 во фудбал
Европските национални тимови ќе се борат за место меѓу 24 репрезентации кои ќе играат на ЕУРО 2020. Финалниот турнир ќе трае од 12 јуни до 12 јули 2020, а домаќини на ова напреварување ќе бидат 12 земји

СКОПЈЕ
Денеска, со натпреварите во четири групи, започнуваат квалификациите за учество на Европското фудбалско првенство ЕУРО 2020, јавува Anadolu Agency (AA).
Наредните три дена ќе се одиграат првите средби од квалификациите за ЕУРО 2020. Денеска се играат 10 натпревари во групите Ц, Е, Г и И меѓу националните тимови од Европа за учество на финалниот турнир од најпрестижното европско фудбалско натпреварување, ЕУРО 2020.
Европските национални тимови ќе се борат за место меѓу 24 репрезентации кои ќе играат на ЕУРО 2020. Финалниот турнир ќе трае од 12 јуни до 12 јули 2020, а домаќини на ова напреварување ќе бидат 12 земји.
- Македонија денеска ја пречекува Летонија
Денеска во рамките на квалификациската група Г, репрезентацијата на Северна Македонија на домашен терен ја пречекува Летонија.
Натпреварот ќе се одигра на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје, со почеток во 20:45 часот.
- Статус
По квалификациите по групи, двете првопласирани репрезентации (20 тима) ќе обезбедат директен пласман на Европското првенство.
Преостанатите 4 репрезентации ќе бидат познати во март 2020 година кога за пласманот на ЕУРО 2020 ќе се одиграат плеј-оф средби меѓу репрезентациите кои ќе дојдат од УЕФА Лигата на нации.
По натпреварите во групи на УЕФА Лигата на нации кои завршија во ноември 2018 година, првопласираните 16 репрезентации во своите групи изборија право да играат во плеј-офот.
Во случај овие репрезентации во квалификациите да се изборат за директен пласман на ЕУРО 2020, тогаш нивното место во плеј-оф ќе го заземе следната најдобро пласирана репрезентација во истата група.
Доколку во една од лигите (А-Б-Ц-Д) нема доволно тимови за играње плеј-оф, тогаш во плеј-оф натпреварите со тимовите од таа лига ќе биде вметната репрезентација од друга лига, која зазема висока позиција во генералното подредување на УЕФА Лигата на нации.
- Натпревари од првото квалификациско коло
Во првото коло по групи, на програмата се следните натпревари:
21 март (четврток):
Група Ц
20:45 Холандија - Белорусија
20:45 Северна Ирска - Естонија
Група Е
20:45 Хрватска - Азербејџан
20:45 Словачка - Унгарија
Група Г
20:45 Австрија - Полска
20:45 Северна Македонија - Летонија
20:45 Израел - Словенија
Група И
16:00 Казахстан - Шкотска
18:00 Кипар (грчки дел) - Сан Марино
20:45 Белгија - Русија
22 март (петок):
Група А
18:00 Бугарија - Црна Гора
20:45 Англија - Чешка
Група Б
20:45 Луксембург - Литванија
20:45 Португалија - Украина
Група Х
20:45 Албанија - Турција
20:45 Андора - Исланд
20:45 Молдавија - Франција
23 март (сабота):
Група Д
15:00 Грузија - Швајцарија
18:00 Гибралтар - Република Ирска
Група Ф
18:00 Малта - Фарски Острови
18:00 Шведска - Романија
20:45 Шпанија - Норвешка
Група Ј
20:45 Босна и Херцеговина - Ерменија
20:45 Италија - Финска
20:45 Лихтенштајн - Грција
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.