В недела се вози трката за Големата награда на Белгија во Формула 1
- Натпреварите од Светското првенство во Формула 1 оваа недела продолжуваат со Големата награда на Белгија, 13-та трка сезонава

ИСТАНБУЛ (АА) - Натпреварите од Светското првенство во Формула 1 оваа недела продолжуваат со Големата награда на Белгија, 13-та трка сезонава, известува Анадолу.
Трката ќе се одржи на патеката Спа-Франкоршан долга 7.004 метри, а пилотите на Формула 1 ќе се натпреваруваат кој најбргу ќе ги извози 44-те круга.
Квалификациите за спринт ќе се одржат денес, трката за спринт е закажана за сабота во 12:00 часот, а квалификациите за неделната трка ќе се одржат во 16:00 часот. Трката за Големата награда на Белгија ќе се одржи в недела, 27 јули, со почеток во 15:00 часот.
Од почетокот на сезоната во Формула 1, најголем успех постигнаа возачите на Мекларен. Оскар Пјастри досега постигна 5 победи, а неговиот клупски колега, Ландо Норис, 4 пати ја заврши трката како победник.
Актуелниот шампион, возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, има две победи, додека возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, извојува една победа.
Пласман на првите пет пилоти и тимови во Формула 1 пред трката за Големата награда на Белгија:
Пилоти:
1. Оскар Пјастри (Австралија): 234 поени
2. Ландо Норис (Велика Британија): 226
3. Макс Верстапен (Холандија): 165
4. Џорџ Расел (Велика Британија): 147
5. Чарлс Леклер (Монако): 119
Тимови:
1. Мекларен: 460
2. Ферари: 222
3. Мерцедес: 210
4. Ред Бул: 172
5. Вилијамс: 59.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.