спорт

Во пресрет на СП: На изминатите 20 мундијали постигнати 2.379 гола

„Германскиот репрезентативец Мирослав Клосе со 16 погодоци ја носи титулата голгетер на фудбалските светски првенства“.

Bülent Aslan  | 11.06.2018 - Обновена : 12.06.2018
Во пресрет на СП: На изминатите 20 мундијали постигнати 2.379 гола

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - БУЛЕНТ АСЛАН -

На досегашните 20 светски фудбалски првенства се одиграни вкупно 836 натпревари и се постигнати вкупно 2.379 погодоци, а титулата најефикасен фудбалер во историјата на првенствата е во рацете на германскиот репрезентативец Мирослав Клосе, пишува Anadolu Agency (AA).

Клосе кој го носеше дресот на Германија на последните 4 светски фудбалски првенства во 2002, 2006, 2010 и 2014 година, постигна по 5 погодоци на првенствата во 2002 и 2006 година, 4 во 2010, два во 2014 година и со вкупно 16 погодоци, ја носи титулата голгетер на светските фудбалски првенства.

Со 15 погодоци го следи бразилскиот репрезентативец Роналдо, а третопласиран е Германецот Герд Милер со 14. Французинот Жист Фонтен е на четвртата позиција со 13 погодоци.

Најголемата фудбалска легенда на сите времиња, Пеле, во дресот на Бразил на светските првенства постигна 12 погодоци.

Табеларен приказ на најдобри стрелци во историјата на мундијалите:

Фудбалер

Земја

Погодоци

Учество на Светски првенства

Мирослав Клосе

Германија

16

2002, 2006, 2010, 2014

Роналдо

Бразил

15

1998, 2002, 2006

Герд Милер

Германија

14

1970, 1974

Жист Фонтен

Франција

13

1958

Пеле

Бразил

12

1958, 1962, 1966, 1970

Јирген Клинсман

Германија

11

1990, 1994, 1998

Шандор Кочиш

Унгарија

11

1954

Габриел Батистута

Аргентина

10

1994, 1998, 2002

Гари Линекер

Англија

10

1986, 1990

Томас МилерГерманија102010, 2014

Хелмут Рахн

Германија

10

1954, 1958

Теофило Кубиљас

Перу

10

1970, 1978

Гжегож Лато

Полска

10

1974, 1978, 1982

Еузебио

Португалија

9

1966

Жаирзињо

Бразил

9

1970, 1974

Вава

Бразил

9

1958, 1962

Давид ВилаШпанија92006, 2010, 2014

Карл-Хајнц Румениге

Германија

9

1978, 1982, 1986

Уве Зелер

Германија

9

1958, 1962, 1966, 1970

Роберто Баџо

Италија

9

1990, 1994, 1998

Паоло Роси

Италија

9

1978, 1982

Кристијан Виери

Италија

9

1998, 2002

Фонтен на едно првенство постигна 13 погодоци

За разлика од Клосе кој ја носи титулата најефикасен стрелец во историјата на светските фудбалски првенства воопшто, францускиот ас Жист Фонтен е најдобриот стрелец со постигнати 13 голови на еден мундијал.

Фонтен славниот рекорд го постави на Светското првенство кое во 1958 година се одржа во Шведска.

Унгарскиот голгетер Шандор Кочиш на мундијалот во 1954 година постигна 11 погодоци, а гол помалку во 1970 година постигна Германецот Герд Милер.

Саленко постигна 5 погодоци на еден натпревар

Најдобар стрелец во еден натпревар во историјата на светските првенства е рускиот напаѓач Олег Саленко, кој во 1994 година во САД беше петкратен стрелец против Камерун.

Дури девет фудбалери на еден натпревар од Светското првенство постигнале по четири погодоции тоа: Емилио Бутрагењо (Шпанија), Еузебио (Португалија), Жист Фонтен (Франција), Шандор Кочиш (Унгарија), Адемир (Бразил), Хуан Скиафино (Уругвај), Леонидас (Бразил), Ернст Вилимовски (Полска) и Густав Ветерсторм (Шведска).

Пеле, Зелер, Клосе со постигнати голови на четири светски првенства

Бразилската легенда Пеле и германскиот голгетер Уве Зелер, заедно со Клосе се единствените играчи кои постигнаа голови на четири светски првенства.

Унгарија е репрезентација која може да се пофали со титулата најефикасна нација на еден мундијал. Унгарците во Шведска во 1954 година постигнаа рекордни 27 погодоци.

Иако во групната фаза ја совладаа Јужна Кореја со 9:0 и Западна Германија со 8:3, а во следните две рунди нижеа победи со по 4:2 над Бразил и Уругвај, Унгарците во финалето на тоа првенство беа поразени од Германија со 3:2.

Од друга страна, репрезентацијата на Јужна Кореја на едно светско првенство прими најмногу голови. Тоа се случи на Светското првенство во Шведска во 1954 година, кога на два натпревари од групната фаза примија дури 16 погодоци.

Унгарците им дадоа девет погодоци на Јужнокорејците, а целосното фијаско го заокружи Турција, која ја совлада Јужна Кореја со резултат 7:0.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.