Англиската Премиер лига ќе прави кратки паузи за време на натпреварите во текот на Рамазан
Пред секој натпревар ќе се утврдува дали некој играч пости, доколку е така, натпреварот ќе биде накратко паузиран за време на ифтар за да му се овозможи да го прекине постот.
ИСТАНБУЛ (АА) – Англиската Премиер лига ќе прави паузи во текот на натпреварите за да им овозможи на фудбалерите муслимани да го прекинат постот за време на Рамазан, јавија британските медиуми, пренесува Анадолу.
„Би-би-си“ објави дека пред секој натпревар ќе се утврдува дали некој играч пости. Доколку е така, натпреварот ќе биде накратко паузиран за време на ифтар за да му се овозможи да го прекине постот.
Првата таква пауза се случи во април 2021 година за време на натпреварот помеѓу Лестер Сити и Кристал Палас.
Натпреварот беше привремено прекинат за да им се овозможи на Весли Фофана од Лестер и Чеику Кујате од Палас да го прекинат постот. Фудбалерите консумираа течности и енергетски гелови во текот на натпреварот.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
