свет

ИОМ: Речиси 500.000 Авганистанци се вратија од Иран од 1 јуни

- Речиси половина милион Авганистанци се вратија од Иран за повеќе од еден месец, потврди Меѓународната организација за миграција (ИОМ) за Анадолу денес, пред истекот на рокот на Техеран авганистански државјани без документи да ја напуштат земјата

Beyza Binnur Dönmez  | 07.07.2025 - Обновена : 08.07.2025
 ИОМ: Речиси 500.000 Авганистанци се вратија од Иран од 1 јуни

ЖЕНЕВА (АА) - Речиси половина милион Авганистанци се вратија од Иран за повеќе од еден месец, потврди Меѓународната организација за миграција (ИОМ) за Анадолу денес, пред истекот на рокот на Техеран авганистански државјани без документи да ја напуштат земјата, јавува Анадолу.

„Во периодот помеѓу 1 јуни и 5 јули вкупно 449.218 авганистански мигранти се вратиле од Иран“, изјави Зухал Наби, соработник за комуникации на ИОМ од Кабул.

Зголемениот број враќања следуваше по наредбата на иранските власти со која се бараше од сите Авганистанци без документи- околу 4 милиони - да ја напуштат земјата до 6 јули или да се соочат со принудна депортација.

Масовните враќања предизвикаа загриженост поради хуманитарното влијание врз повратниците, a многумина се соочуваат со неизвесност и тешкотии по пристигнувањето во Авганистан.

Враќањето на толку голем број луѓе за краток временски период создава дополнителен притисок врз Авганистан, каде што хуманитарните потреби се големи, а економските услови и натаму се влошуваат.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın