свет

„Ерменија ги распоредува терористичките организации ПКК и АСАЛА во окупираните области“

ПКК во својата долга децениска терористичка кампања е одговорна за смртта на околу 40.000 луѓе, вклучувајќи жени, деца и новороденчиња, додека АСАЛА е одговорна за смртта на десетици турски дипломати во испланирани терористички атентати

Jeyhun Aliyev  | 28.09.2020 - Обновена : 29.09.2020
„Ерменија ги распоредува терористичките организации ПКК и АСАЛА во окупираните области“

АНКАРА (АА) - Претставникот на Азербејџан во Турција за Агенција Анадолија (АА) изјави дека Ерменија донела и вооружила терористички организациии во окупираните територии на Азербејџан, меѓу кои се ПКК и т.н. Ерменска тајна армија за ослободување на Ерменија (АСАЛА).

ПКК во својата долга децениска терористичка кампања е одговорна за смртта на околу 40.000 луѓе, вклучувајќи жени, деца и новороденчиња, додека АСАЛА е одговорна за смртта на десетици турски дипломати во испланирани терористички атентати.

„Тие [Ерменија] усвоија нова стратегија за национална безбедност, која специфично посочи дека сакаат да окупираат нови територии на Азербејџан“, рече амбасадорот Хазар Ибрахим во интервјуто за судирите на границата меѓу Ерменија и Азербејџан, што избија овој викенд.

Пограничните судири избија вчера откако ерменските сили извршија напади врз азербејџанските цивилни населби и воените позиции во регионот, познат како Нагорно Карабах.

Посочувајќи на неодамнешните ерменски конфликти против Азербејџан во јули оваа година, кога ерменските сили ја нападнаа северозападната погранична област Товуз - азербејџанска територија на одредено растојание од нелегално окупираниот регион Нагорно Карабах и седум други региони - Ибрахим овој пат изјави дека Ерменија започнала со своите провокации точно од окупираните територии.

Ерменските сили со прекршувањето на прекинот на огнот во јули убија 12 припадници на азербејџанските трупи и повредија четворица други. Судирите во регионот избувнаа повторно на 21 септември, кога азербејџански војник беше убиен, а друг беше повреден.

„И знаеме дека во последните неколку месеци, Ерменија започна волонтерска програма со која ги собираше луѓето, обезбедувајќи им обука, вклучително и жени.“

Дипломатот предупреди дека неговата земја нема да толерира такви провокации и дека ќе одговори со употреба на сила.

„На провокацијата од страна на Ерменските вооружени сили беше убедливо одговорено и веќе Вооружените сили на Азербејџан ослободија седум окупирани села на Азербејџан во Фузули и Џабраил“, рече тој.

- Напад врз цивилите -

Ибрахим нагласи дека Ерменските вооружени сили, кои соработуваат заедно со терористичките организации, не избегнуваат да ги напаѓаат цивилите.

Тој изјави дека азербејџанската страна повторно претпрела жртви и загуби, како меѓу службениците така и меѓу цивилите.

Генералниот обвинител на Азербејџан соопшти дека неколку војници биле убиени и ранети во судирите, додавајќи дека досега биле повредени вкупно 19 цивили.

Во писмената изјава, Министерството за одбрана на Азербејџан тврди дека азербејџанската Армија ги нема за цел цивилите, за разлика од ерменската страна.

- Еден народ, две држави -

Поздравувајќи ја турската Влада и нација за непоколебливата поддршка за праведна положба на Азербејџан, Ибрахим изјави: „Како и секогаш, Турција го поддржува Азербејџан и Азербејџан ја поддржува Турција.“

Тој изјави дека лидерите на Азербејџан и Турција денес разговарале телефонски, при што турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повторно ги нагласи братските односи на двете земји и јасно нагласи дека Ерменија е окупаторска сила.

„Последните прекршувања на Ерменија на границата со Азербејџан во окупираниот регион Нагорно Карабах покажуваат дека тоа претставува најголема закана за регионалниот мир“, рече Ердоган.

„Ние многу го цениме овој братски и исто така многу важен, многу праведен став на турската Влада, турските политички сили и турскиот народ“, рече Ибрахим, додавајќи дека она што го прави Ерменија е против хуманитарното право и хуманистичките идеали и во основа е оспорување на мирот и безбедноста во регионот и на глобално ниво.

- Општа мобилизација -

Ибрахим нагласи дека азербејџанскиот народ е многу сосредоточен околу својот врховен командант, претседателот Илхам Алијев.

„И тоа беше јасно пред неколку месеци, јасно беше сите овие години, јасно е и денес. Значи, сите официјално, или неофицијално, се мобилизирани.“

Тој истакна дека Азербејџанците од целата земја имаат членови на семејствата кои сега служат на фронтот.

„И, повторно, имаме и политичка, и би рекол, духовна едногласност и единство во азербејџанското општество“, рече тој.

Вчера на вонреден состанок, азербејџанскиот Парламент прогласи воена состојба во некои градови и региони по пограничните прекршувања на Ерменија и нападите во окупираниот регион Нагорно Карабах. Според одлуката, во одредени периоди може да се прогласи и полициски час во одредени региони.

Амбасадорот, исто така, предупреди дека ерменското раководство треба да разбере дека нивните постапки и провокации против Азербејџан никогаш нема да останат без одговор.

„И тие прво треба да размислат барем за својот народ дека што и да прават и каков одговор ќе добијат, на крајот, нивните луѓе ќе страдаат од тоа.“

Велејќи дека тој ги гледа обидите на Ерменија како начин за одвлекување на вниманието од домашните проблеми, Ибрахим истакна: „Затоа тие треба да ги стават интересите на народот на прво место, наместо да ги поттикнуваат овие активности што имаат за цел да ги смират веројатно внатрешните немири, коишто тие ги имаат, или какви било други планови и стратегии кои тие се обидуваат да ги имплицираат.“

- Повик до меѓународната заедница -

Ибрахим ги повика сите народи низ целиот свет - без оглед каде се наоѓаат - да го следат и да постапуваат во согласност со меѓународното право.

„Меѓународната заедница треба да побара од оние што го кршат меѓународното право, кои одат спротивно на нормите или принципите на меѓународното право, кои незаконски воено заземаат територии и ги кршат меѓународно признатите граници на другите земји, да бидат повикани на правда, да бара исполнување на овие норми и принципи и да бара исполнување на резолуциите на Советот за безбедност на ОН.“

Тој рече дека доколку меѓународната заедница не го стори тоа, тогаш последиците може да вклучат - наведувајќи ја ситуацијата со која се соочува Азербејџан - да се има повеќе од 1 милион бегалци и внатрешно раселени лица речиси три децении, луѓе кои биле етнички исчистени, па дури и геноцид.

„Ако имате вакви работи и ги толерирате, другите региони, другите места не се имуни на тоа“, предупреди Ибрахим.

Односите меѓу двете поранешни советски нации се тензични од 1991 година, кога ерменската Војска го окупираше Нагорно Карабах, меѓународно призната територија на Азербејџан.

Четири резолуции на Советот за безбедност на ОН и две резолуции на Генералното собрание на ОН, како и многу меѓународни организации бараат повлекување на окупациските сили.

Групата Минск на ОБСЕ, со која копретседаваат Франција, Русија и САД, беше формирана во 1992 година, со цел изнаоѓање решение за конфликтот, но досега без резултат. Издејствувано е примирје во 1994 година.

Франција, Русија и НАТО, меѓу другите, повикаа на итен прекин на судирите во окупираниот регион.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.