свет

Две лица приведени во Иран во врска со случајот „магии во фудбалот“

„Приведени се две лица што тврдеа дека контактирале со лице што прави магии“, информираше портпаролот на Иранската фудбалска федерација, Емир Мехди Алави.

Mustafa Melih Ahıshalı  | 19.08.2025 - Обновена : 20.08.2025
 Две лица приведени во Иран во врска со случајот „магии во фудбалот“

ИСТАНБУЛ (АА) - Портпаролот на Иранската фудбалска федерација, Емир Мехди Алави, објави дека две лица се приведени поради вмешаност во вештерство (правење магии), известува Анадолу.

Алави во изјавата за иранската државна телевизија зборуваше на ова тема.

„Приведени се две лица што тврдеа дека контактирале со лице што прави магии“, информираше Алави.

Портпаролот Алави истакна и дека повеќе од 50 лица се повикани да сведочат во врска со „магиите во фудбалот“, нагласувајќи дека не смее да се дозволи овие инциденти негативно да влијаат врз фудбалот во земјата.

Неодамна во иранските медиуми беше објавенa информацијата дека четворица фудбалски тренери се суспендирани од нивните работни места поради вмешаност во вештерство (магии).

Претходните години некои тренери и играчи во Иран тврдеа дека на одредени терени на кои се играле натпревари биле фрлани магии и дека некои тимови имале потпишано годишни договори со лица што прават магии.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın