свет

Балоните на топол воздух ги обоија долините на Кападокија

- Подготвени на изгрејсонце од местата за полетување во и околу Ѓореме, Невшехир, балоните на топол воздух се издигнаа на небото овозможувајќи им на туристите несекојдневна слика.

Behçet Alkan  | 02.10.2025 - Обновена : 04.10.2025
 Балоните на топол воздух ги обоија долините на Кападокија

НЕВШЕХИР (АА) - Балоните на топол воздух во Кападокија, една од ексклузивните туристички дестинации во Турција во сите сезони, го обоија пејзажот на долините на Кападокија што се исполнети со самовилски оџаци, известува Анадолу.

Туристите желни да ги видат од птичја перспектива геолошките формации создадени пред милиони години во Кападокија, место што е дел од светското наследство на УНЕСКО, се одлучија за тури со балони на топол воздух.

Балоните на топол воздух, кои беа приземјени од 29 септември поради повремено силните сезонски ветрови во регионот, повторно се во воздух.

Подготвени на изгрејсонце од местата за полетување во и околу Ѓореме, Невшехир, балоните на топол воздух се издигнаа на небото овозможувајќи им на туристите несекојдневна слика.

Балоните се вивнаа над самовилските оџаци и природните карпести формации во долините Мескендир, Ашиклар, Киличлар, Земи и Ѓулудере, кои се богати со историски и природни убавини.

Некои туристи го набљудуваа регионот, а други уживаа во шарените глетки од падините на долината, збогатени со колоритот на балоните.

Откако околу еден час лебдеа на небото над Кападокија, балоните на топол воздух слетаа во близина на градот Учисар и селото Чавушин.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.