Шест војници загинаа во експлозија во складиште за муниција во Либан
- Експлозија се случи при обид за демонтирање во округот Тир, објави Либанската национална новинска агенција

БЕЈРУТ (АА) - Шест војници загинаа од експлозија што се случила додека работеле на неутрализирање на материјали во складиште за муниција во јужниот либански град Тир, известува Анадолу.
Либанската армија објави: „Шест војници загинаа, а неколкумина се повредени од експлозија што се случила во складиште за муниција во областа на долината Зибкин во Тир“.
Започната е истрага за откривање на причините за експлозијата.
Според веста што претходно ја објави либанската официјална новинска агенција ННА, експлозијата се случила за време на обидите за неутрализирање на муницијата што останала од израелските напади.
Во соопштението објавено на X профилот на либанското претседателство, претседателот Жозеф Аун изразил длабоко жалење за загинатите војници и им изразил сочувство на нивните семејства и на армијата.
И премиерот Наваф Салам на социјалните мрежи изразил сочувство за војниците загинати во експлозијата.
Јужен Либан е сведок на инциденти со остатоци од муниција од минатите израелски воени агресии, кои продолжуваат да претставуваат смртоносен ризик за жителите и безбедносните сили во областа.
Израел започна воени операции врз Либан на 8 октомври 2023 година, кои ескалираа во целосна војна до септември 2024 година, во која загинаа повеќе од 4.000 луѓе, а повредени беа околу 17.000.
Прекин на огнот беше постигнат во ноември, но израелските сили продолжија со речиси секојдневни напади врз јужен Либан, тврдејќи дека целта им се активностите на групата Хезболах.
Во согласност со примирјето, Израел требаше целосно да се повлече од јужен Либан до 26 јануари, но рокот беше продолжен до 18 февруари откако Тел Авив одби да го почитува. Израел сè уште одржува воено присуство на пет гранични пунктови.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.