свет

Уапсен колумбиски државјанин, се обидел да шверцува дрога под перика

- Колумбиски државјанин бил фатен во обид да шверцува дрога на лет од Картагена до Амстердам

Abdula Berisha  | 25.02.2025 - Обновена : 26.02.2025
Уапсен колумбиски државјанин, се обидел да шверцува дрога под перика

КАРТАГЕНА (АА) - Колумбиската полиција успеа да спречи шверц на дрога во еден од досегашните „најкреативни“ обиди. Станува збор за лице што скрило дрога под периката и имало намера да лета од Колумбија до Холандија, јавува Анадолу.

Настанот се случил на 20 февруари кога колумбиски државјанин бил фатен во обид да шверцува дрога на лет од Картагена до Амстердам.

Полицијата го уапсила осомничениот и му го предала на Јавното обвинителство под обвинение за трговија, производство и поседување наркотици.

Полициските служби објавија дека во периката имало 19 капсули со кокаин во вредност од над 10.000 евра.

Полициските сили и граничните власти често се соочуваат со невообичаени ситуации бидејќи шверцерите на дрога постојано „иновираат“ во обид да најдат нови методи за шверц на дрога и да бидат чекор пред полициските сили.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın