Терористите на ЈПГ/ПКК изведоа напад врз цивили
Терористите изведоа напади на камповите и местата со цивилите во градот Џарабулус, на сириско-турската граница

ЏАРАБУЛУС (AA) - Во нападот на терористичката организација ЈПГ/ПКК врз цивилите во градот Џарабулус загина едно лице, а седум се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Откако Турција ја покрена операцијата „Извор на мирот" чија цел е воспоставување на мирот и безбедноста во регионот и да се уништи терористичкиот коридор кој терористите намеруваат да го воспостават јужно од границата со Турција, терористите на ЈПГ/ПКК почнаа да изведуват напади врз цивилите во Сирија.
Терористите изведоа напади на камповите и местата со цивили во градот Џарабулус на сириско-турската граница.
Инаку, Џарабулус во операцијата на турските сили и припадниците на сириската опозиција во август 2016 година е очистен од терористичката организација ДЕАШ.
Вооружените сили на Турција и Сириската национална војска, во среда, на 9 октомври, ја покренаа операцијата „Извор на мирот", чија цел е да воспостават мир и безбедност во регионот и да го уништат теорористичкиот коридот кој терористите намеруваат да го воспостават јужно од границата со Турција.
Министерството за одбрана на Турција соопшти дека терористите се единствена цел во рамките на операцијата „Извор на мирот" на северот на Сирија.
Се наведува дека операцијата се спроведува во согласност со нормите на меѓународното право и резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации кои се однесуваат на борбата против тероризмот.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.