Стејт Депармент: САД немаат намера да останат во Сирија по победата врз ДЕАШ
„Нашата целосна мисија е да го поразиме ДЕАШ, без разлика дали тоа е во Ирак или во Сирија. Тоа е наша намера - да го поразиме ДЕАШ и да не сториме ништо повеќе од тоа“, рече Нојерт

Washington DC
ВАШИНГТОН (АА) - САД немаат намера да останат во Сирија по елиминирањето на терористичката организација ДЕАШ, изјави вчера портпаролката на Стејт Департменот, Хитер Нојерт, негирајќи го соопштението на американските сили дека ќе останат таму три децении, јавува Anadolu Agency (AA).
„Нашата целосна мисија е да го поразиме ДЕАШ, без разлика дали тоа е во Ирак или во Сирија. Тоа е наша намера - да го поразиме ДЕАШ и да не сториме ништо повеќе од тоа“, рече Нојерт.
Портпаролката на Стејт Департменот одговараше на прашањата на новинарите на брифингот во врска со тврдењето на портпаролот на Сириските демократски сили (СДС) дека САД ќе останат во Сирија и по поразувањето на ДЕАШ.
„Ние сакаме Сирија да биде управувана од Сиријци, не од САД, ниту било кои други сили, туку од Сиријците“, додаде таа.
САД ја поддржува ПКК/ПЈД, a Турција ПКК/ПЈД, ја смета за сириски огранок на терористичката организација ПКК, заедно со неколку арапски милитанрски групи под чадорот на СДС.
САД ги гледа СДС како сигурен партнер во борбата против ДЕАШ и продолжува да ги обезбедува со оружје и опрема и покрај силните приговори од страна на Турција.