свет

Сирија го обвинува Израел за ракетни напади во Дамаск

„Израелските сили извршија напад врз некои цели околу главниот град од правецот на окупираната Голанска висорамнина"

Burak Dağ  | 01.03.2021 - Обновена : 01.03.2021
Сирија го обвинува Израел за ракетни напади во Дамаск

АНКАРА

Сирија соопшти дека Израел извршил ракетни напади врз главниот град Дамаск, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Израелските сили извршија напад врз некои цели околу главниот град во 10:16 часот по локално време од правецот на окупираната Голанска висорамнина", јави новинската агенција САНА, која е поврзана со режимот на Башар ал-Асад.

„Армиската воздушна одбрана веднаш ги пресретна непријателските ракети и собори голем број од нив“, објави новинската агенција.

Израел сеуште не го коментираше ваквото тврдење.

Во Дамаск, заедно со армијата на режимот, има и воени места кои припаѓаат на странски терористички организации под команда на Иранската револуционерна гарда.

Од почетокот на граѓанската војна во Сирија во 2011 година, Израел изврши неколку напади врз силите на Хезболах и сириската војска, поддржани од Иран, тврдејќи дека одвреме-навреме се истрелуваат ракети на неговата територија од Сирија и Голанската Висорамнина.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.