свет

Силен земјотрес го потресе Тајван

Централното метеоролошки биро на Тајван ја измери јачината на земјотресот од 6,2 степени со епицентар во морето во близина на брегот на источен Тајван

Riyaz Khaliq Khaliq  | 15.12.2022 - Обновена : 16.12.2022
Силен земјотрес го потресе Тајван

ИСТАНБУЛ (АА) - Силен земјотрес со јачина од 5,9 степени го потресе Тајван, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според Геолошкиот институт на САД (USGS), земјотресот ја погодил островската држава на околу 27 километри од брегот на градот Хуалиен во околу 12:03 часот по локално време.

Централното метеоролошки биро на Тајван (CWB) ја измери јачината на земјотресот од 6,2 степени со епицентар во морето во близина на брегот на источен Тајван.

„Земјотресот е почувствуван низ целата земја, а потресот траеше неколку секунди во главниот град Тајпеј. Досега нема информации за штета или евентуални повредени“, објави интернет-страницата „Фокус Тајван“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın