Свечено устоличен новиот јапонски цар Нарухито
„Ветувам дека ќе дејствувам во согласност со Уставот на Јапонија и дека своите должности ќе ги извршувам како симбол на единството на Јапонија и јапонскиот народ“

ТОКИО (АА) - Со свечен чин проследен со традиционални обреди, Нарухито официјално стана 126. цар на Јапонија, јавува Anadolu Agency (AA).
На устоличувањето на новиот јапонски цар Нарухито во Царската палата во Токио присуствуваа речиси 2.000 официјални претставници од 190 држави и меѓународни организации.
„Ветувам дека ќе дејствувам во согласност со Уставот на Јапонија и дека своите должности ќе ги извршувам како симбол на единството на Јапонија и јапонскиот народ“, изјави Нарухито во заклетвата.
Новиот јапонски цар Нарухито облече кафеав костум кој монарсите во Јапонија го носат уште од деветтиот век, а непосредно пред устоличувањето посети неколку храмови.
По повод влегувањето на Нарухито во Такамира, просторија за царско устоличување, јапонската Влада во знак на добра волја помилува 550.000 осуденици.
При устоличувањето на поранешниот јапонски цар Акихито, Владата на Јапонија во 1989 година помилува 2,5 милиони осуденици.
Новиот јапонски цар Нарухито е роден по Втората светска војна и беше прв јапонски принц кој се школувал во странство. Студирал поморски транспорт на угледниот Универзитет „Оксфорд“, а неговата сопруга, принцезата Масако Овада студирала економија на престижниот Универзитет „Харвард“. Масако е ќерка на Хисаши Овада, поранешниот претседател на Меѓународниот суд за правда.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.