свет

САД и Индонезија одржуваат заедничка воена вежба по тензиите со Кина

Воените вежби, кои се реализираат со учество на повеќе од 5.000 војници од САД, Индонезија, Австралија, Јапонија и Сингапур, се прикажани како „најголема вежба во регионот од 2009 година“

İdris Sülün   | 03.08.2022
САД и Индонезија одржуваат заедничка воена вежба по тензиите со Кина

КУАЛА ЛУМПУР (АА) - Армиите на Соединетите Американски Држави (САД) и Индонезија за првпат со учество и на други земји започнаа заеднички борбени вежби на островот Суматра, во сенка на тензиите со Кина, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението од Амбасадата на САД во Џакарта се наведува дека воените вежби се дизајнирани да ја поддржат интероперабилноста, способноста, довербата и соработката за поддршка на слободна и отворена индопацифичка политика.

Генералот Чарлс Флин, командантот на американската армија во Пацификот, рече: „Ова е симбол на растечката американско-индонезиска врска меѓу копнените сили во овој важен регион. Затоа што копнените сили се лепилото што ја поврзува безбедносната архитектура на регионот.“

Воените вежби, кои се реализираат со учество на повеќе од 5.000 војници од САД, Индонезија, Австралија, Јапонија и Сингапур, се прикажани како „најголема вежба во регионот од 2009 година“.

Флин и генералот на Индонезиската армија, Андика Перкаса, присуствуваа на церемонијата за започнувањето на вежбата во градот Батураџа во провинцијата Јужна Суматра.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın