свет

Русија: Го освоивме местото Јаблоновка во Доњецк

- „Како резултат на решителни акции, единиците на Централната воена група ја ослободија населбата Јаблоновка во Народна Република Доњецк“, објави руското Министерство за одбрана.

Dmitri Chirciu  | 09.08.2025 - Обновена : 09.08.2025
Русија: Го освоивме местото Јаблоновка во Доњецк

МОСКВА (АА) - Руското Министерство за одбрана објави дека го освоиле местото Јаблоновка во регионот Доњецк, известува Анадолу.

Министерството за одбрана на Русија објави соопштение во кое ги ажурира активностите на руските вооружени сили во Украина.

Посочувајќи дека руските сили ги зајакнале своите позиции на украинскиот фронт, во соопштението се истакнува:

„Како резултат на решителни акции, единиците на Централната воена група ја ослободија населбата Јаблоновка во Народна Република Доњецк“.

Се додава дека 457 украински беспилотни летала биле уништени од руските системи за воздушна одбрана во последните 24 часа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.