Пропалестински демонстранти се собраа пред Белата куќа пред посетата на израелскиот премиер
- Мавтајќи со палестински знамиња, демонстрантите скандираа „Слободна, слободна Палестина“. Тие во реацете држеа транспаренти на кои пишуваше „Престанете да го вооружувате Израел“, „Да живее Палестина“ и „Се бара Нетанјаху“.

ВАШИНГТОН (АА) - Пропалестински демонстранти се собраа вчера пред Белата куќа во Вашингтон, во знак на протест против посетата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, јавува Анадолу.
Претседателот Доналд Трамп ќе се состане денес со Нетанјаху, кој е во трета посета на САД во рок од шест месеци.
Мавтајќи со палестински знамиња, демонстрантите скандираа „Слободна, слободна Палестина“.
Тие, исто така, држеа транспаренти на кои пишуваше „Престанете да го вооружувате Израел“, „Да живее Палестина“ и „Се бара Нетанјаху“.
Група демонстранти, меѓу кои и од организацијата „Американски муслимани за Палестина“ (AMP), ќе одржат прес-конференција денес за да ја осудат посетата на Нетанјаху на главниот град.
Тие исто така ќе бараат прекин на американската поддршка на тековната војна на Израел во Појасот Газа.
Претходно вчера, Трамп за новинарите изјави дека постои „добра шанса“ оваа недела да се постигне договор за ослободување на заложниците во Газа и прекин на огнот со палестинската група Хамас.
Запрашан за неговата порака до Нетанјаху денес, тој рече: „Работиме на многу работи со Израел, а една од работите е веројатно траен договор со Иран“.
За време на посетата на главниот град, се очекува Нетанјаху да се сретне и со високи претставници на американската администрација и високи членови на Конгресот од двете партии.
И покрај меѓународните повици за прекин на огнот, Израел од октомври 2023 година спроведува геноцидна војна во Газа, убивајќи повеќе од 57.400 Палестинци, повеќето од нив жени и деца.
Меѓународниот кривичен суд во ноември издаде налози за апсење на Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за своите воени дејства во енклавата.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.