По 81 година oткирена мистеријата на исчезнатата жена пилот
Човечките коски пронајдени на островот Никумароро во источниот дел на Тихиот Океан во 1940 година, со веројатност од 99 отсто ѝ припаѓале на Амелија Ерхарт, жена пилот, пионер на американското воздухопловство

Ankara
АНКАРА (AA) - Врз основа на истражувањето на професорот Ричард Л. Џенц од Универзитетот Тенеси во САД, објавено во списанието „Forensic Anthropology“, Би-Би-Си објави вест во која се наведува дека коските пронајдени на островот Никумароро во 1940 година ѝ припаѓаат на Амелија Ерхарт, жена пилот, пионер на американското воздухопловство, која исчезнала за време на летот во 1937 година, иако според истражувањата од тој период тоа не било потрдено, јавува Anadolu Agency (AA).
Во студијата под насловот „Амелија Ерхарт и коските од Никумароро", е наведено дека коските пронајдени на пуст остров одалечен околу 2.900 километри југозападно од Хаваи, биле преиспитани со користење на современи форензички техники.
Бидејќи остатоците од коските не биле сочувани, структурата на коските била споредувана со мерењата на висината и тежината на Ерхарт и на нејзиниот помошник, со помош на фотографии, користејќи софтвер наречен Фордиск. Утврдено е дека мерките на телото на Ерхарт се во согласност со скелетните остатоци.
- Веројатноста дека коските и припаѓаат на Ерхарт е 99 проценти
Покрај тоа, специјалистите за шиење, испитувајќи ја облеката на Earhart од фотографиите на нејзината возачка дозвола и други нејзини фотографии, и одредиле мерките за обемот на градите и половината на Ерхарт. Овие вредности беа вклучени при испитувањето на коските.
Се покажало дека веројатноста пронајдените коските да и припаѓале на Ерхарт изнесува 99 проценти.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.