Појас Газа: Повеќе од 100 убиени во израелските напади врз градот Рафа
- Повеќе од 100 луѓе се убиени во израелските напади врз градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа, јави палестинската официјална новинска агенција ВАФА утринава

ГАЗА (АА) - Повеќе од 100 луѓе се убиени во израелските напади врз градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа, јави палестинската официјална новинска агенција ВАФА утринава, пренесува Анадолу.
Подрачјето се наоѓа на границата на Појасот Газа со Египет, каде што Израел ги принуди цивилите да се евакуираат, тврдејќи дека е безбедна зона.
Во неделата израелската армија одобри план за копнена офанзива во Рафа.
Палестинците побараа засолниште во тој град, а израелските сили извршија напади врз други делови на блокираната палестинска енклава.
Во израелско бомбардирање врз Појасот Газа од 7 октомври се убиени повеќе од 28.000 Палестинци.