Поради планот на Израел за целосна окупација на Газа, Турција ќе свика итен состанок на ОИС
- Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, зборувајќи во Ел Аламејн заедно со шефот на египетската дипломатија вети заедничко спротивставување на планот на Израел за Газа и ги истакна напорите на Турција за хуманитарна помош.

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, денес изјави дека Турција ќе свика итен состанок на Организацијата за исламска соработка (ОИС) за да се разгледа планот на Израел за целосна окупација на Газа, известува Анадолу.
„(Во врска со планот на Израел за Газа) Како претседавач со Советот на министри за надворешни работи на Организацијата за исламска соработка (ОИС), одлучивме да свикаме состанок на ОИС“, изјави Фидан за новинарите на заедничката прес-конференција со египетскиот министер за надворешни работи Бадр Абделати во Ел Аламејн.
Министерот Фидан ги осуди намерите на Израел и додаде:
„Во потполност ја отфрламе намерата (на Израел) за целосна окупација на Газа. Овој план е нова фаза од експанзионистичката и геноцидна политика на Израел“.
„Како Турција и Египет, ќе продолжиме да се спротивставуваме на ваквите сценарија“, истакна Фидан.
Посочувајќи на хуманитарните напори, Фидан рече:
„До денес испративме приближно 102.000 тони хуманитарна помош за нашите браќа во Газа. Му благодариме на Египет за неговата блиска соработка во доставувањето на помошта.“
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.