свет

Поплави во Париз по обилните дождови

- Како последица на поплавите имаше и сериозни нарушувања во градскиот превоз, особено во метрото.

Alaattin Doğru  | 12.06.2023 - Обновена : 14.06.2023
Поплави во Париз по обилните дождови Фото: Архива

ПАРИЗ (АА) - По обилните дождови што го зафатија регионот Ил де Франс, Париз го погодија поплави, пренесува Анадолу.

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледаат поплавени улици во Париз како последица на вчерашното невреме и дожд.

Како последица на поплавите имаше и сериозни нарушувања во градскиот превоз, особено во метрото.

Кафулињата и продавниците во 11-тиот, 19-тиот и 20-тиот округ на Париз беа сериозно оштетени од поплавите. Покрај тоа, некои возила останаа заглавени на улиците.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın