свет

Полскиот претседател во заминување во ненајавена посета на Украина

- Полскиот претседател, Анджеј Дуда, во текот на денот треба да се сретне со украинскиот претседател Владимир Зеленски

Elena Teslova  | 28.06.2025 - Обновена : 28.06.2025
Полскиот претседател во заминување во ненајавена посета на Украина

МОСКВА (АА) - Полскиот претседател во заминување, Анджеј Дуда, денес пристигна во главниот град на Украина, Киев, во ненајавена посета, објави украинскиот министер за надворешни работи на X, известува Анадолу.

Шефот на укринската дипломатија, Андриј Сибиха, објави и фотографија на полскиот политичар, со кого се сретна на железничката станица.

Според Сибиха, подоцна во текот на денот Дуда ќе има билатерални разговори со украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Дуда, кој според полскиот закон нема право да служи трет мандат, на 6 август ќе биде наследен од Карол Навроцки, кој победи на претседателските избори во земјата што се одржаа овој месец.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın