свет

Научно истражување ја потврди теоријата дека Хитлер починал во 1945 година

Група француски научници спроведоа истражување на остатоците од забите и коските од вилицата на Хитлер, кои во 2000 година се изложени во музејот во Москва. Анализа спроведоа и на черепот кој е скриен во Државната архива во Москва.

Zehra Ulucak  | 21.05.2018 - Обновена : 22.05.2018
Научно истражување ја потврди теоријата дека Хитлер починал во 1945 година

Ankara

АНКАРА (АА) - Последните научни истражувања ја потврдија општоприфатената теорија дека лидерот на нацистичка Германија, Адолф Хитлер, починал во 1945 година, пренесува Anadolu Agency (AA).

Група француски научници спроведоа истражување на остатоците од забите и коските од вилицата на Хитлер, кои во 2000 година се изложени во музејот во Москва. Анализа спроведоа и на черепот кој е скриен во Државната архива во Москва.

На научниците прв пат им е дозволено да земат примероци од коските и детално да ги анализираат со електронски микроскопи и скенери.

Резултатите од студијата се објавени во списанието „European Journal od Internal Medicine“, а во нив се наведува дека анализираните коски на Хитлер се автентични и оти е потврдено дека починал во 1945 година.

Општоприфатената теорија вели дека Хитлер и Ева Браун извршиле самоубиство во берлинскиот бункер на 30 април 1945 година, значи неколку дена пред падот на Берлин. Нацистите го запалија неговото тело, а пронајдениот череп по наредба на Сталин е однесен во Москва.

Постоеја сомнежи дали самоубиството е извршено со труење со цијанид или со куршум од пиштол.

Француските научници по истражувањето тврдат дека Хитлер користел и цијанид и си пукал во главата. Тоа го потврдуваат по трагите на забите и черепот.

На забите на Хитлер се пронајдени и траги од бел камен, но не и месни влакна, бидејќи бил вегетаријанец.

Научниците, исто така, утврдија дека на забите не се утврдени траги од барут, што ги негира теориите дека се убил со куршум во устата. Дупката на левата страна од черепот упатува дека смртоносното пукање било во тој предел на главата.

Постојат и други теории кои велат дека Хитлер го преживеал поразот во Втората светска војна и побегнал во Јужна Америка.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın