свет

Казабланка: Џамијата со највисокото минаре на светот изградена на брегот на Атлантикот

Џамијата во просторот за молитва има капацитет од 25.000 луѓе, а во нејзиниот двор можат да клањаат 80.000 верници

01.05.2024 - Обновена : 03.05.2024
Казабланка: Џамијата со највисокото минаре на светот изградена на брегот на Атлантикот Фото: Nurettin Boydak/АА

КАЗАБЛАНКА (АА) - Во најголемиот град во Мароко, Казабланка, се наоѓа една од најголемите и најубавите џамии во светот, која се одликува голем број особености, јавува Анадолу.

Тоа е џамијата Хасан II, втората по големина џамија во Африка и 14-та по големина во светот. Она што ја прави посебна е минарето високо 210 метри, кое воедно е и највисокото во светот.

Работите на изградбата на џамијата се завршени во 1993 година, а проектирана е од францускиот архитект Мишел Пинсо.

Џамијата, именувана по мароканскиот крал Хасан II, е изградена на брегот на Атлантскиот Океан.

На врвот на минарето се наоѓа и светилник кој ги насочува бродовите бидејќи џамијата се наоѓа на брегот. Исто така, на врвот е поставен и ласер, кој фрла светлина во должина од 30 километри во правец кон Каба во Мека.

Во џамијата има и училиште за Куран, амам, голема библиотека, музеј за историјата на Мароко и конференциска сала.

Џамијата во просторот за молитва има капацитет од 25.000 луѓе, а во нејзиниот двор можат да клањаат 80.000 верници.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.