свет

Италија: Притвор за расистичкиот напаѓач кој повреди шест лица

На Лука Траини ќе му се суди поради носење оружје со намера за негова злоупотреба и масакр од расистички причини

Ecenur Çolak  | 04.02.2018 - Обновена : 05.02.2018
Италија: Притвор за расистичкиот напаѓач кој повреди шест лица АА/Архива

Rim

РИМ (АА) - Лука Траини, кој вчера наутро во напад извршен во италијанскиот град Мачерата повреди шест Африканци, беше фатен и притворен, пренесува Anadolu Agency (AA).

Како што објави италијанската новинска агенција АНСА (ANSA) Траини вчера во 11 часот по локално време отворил оган во центарот на градот.

На Лука Траини ќе му се суди поради носење оружје со намера за негова злоупотреба и масакр од расистички причини.

„Бев во возилото и одев во теретана. На радиото неколкупати ја слушнав приказната за Памела (Мастропиетро, 18-годишно девојче кое пред неколку дена беше убиено од 29-годишен дилер на дрога, по потекло од Нигерија) и се вратив да го земам оружјето“, рече Траини во својата изјава пред полицијата.

Покрај тоа, полицијата при претрес на куќата на мајката на Траини ја пронашла книгата на Адолф Хитлер и неколку други предмети кои се поврзани со екстремната десница. Полицијата продолжува да го пребарува компјутерот на напаѓачот.

Премиерот на Италија, Паоло Џентилони, зборувајќи за нападот изјави дека омразата и насилството нема да ја подели земјата и дека одговорните ќе бидат казнети.

Во саботата, Лука Траинии, пукаше на минувачи од африканско потекло. Тој рани пет мажи и една жена, а состојбата на двајцата повредени е сериозна. Ранетите се од Мали, Нигерија и од Гана.

Траини по нападот пред споменикот на плоштадот извикуваше „Да живее Италија“ и поздравуваше со нацистички поздрав. Полицијата го уапси, а напаѓачот ја призна вината, за што е и уапсен.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın