АЛЕПО (АА) - Започнаа реставраторските работи на стадионот во Алепо, еден од најпознатите спортски објекти во Сирија, кој со години служеше како стратегиска воена база на сега соборениот режим на Башар ал-Асад, јавува Анадолу.
Стадионот, некогаш сметан за бисер на сирискиот спорт, за време на најжестоките фази од граѓанската војна беше пренаменет од режимските сили.
Локалните жители сведочат дека објектот се користел како логистичка точка за воени операции и артилериски напади врз околните цивилни населби, со што спортскиот комплекс се претвори во симбол на опсадата на градот.
Започна обновата на стадионот во Алепо, поранешна воена база на режимот на Асад. Поради големите оштетувања целосно беа запрени сите спортски активности на стадионот.
Надлежните институции соопштија дека објектот сега има потреба од сеопфатен и долг процес на реконструкција за да може повторно да биде ставен во служба на јавноста и спортот.
Башар ал-Асад, кој ја водеше Сирија речиси 25 години, на 8 декември 2024 година побегна во Русија, со што заврши владеењето на партијата Баас, која беше на власт од 1963 година. Ахмед ал-Шара, кој ги предводеше антирежимските сили во соборувањето на Асад, кон крајот на јануари беше прогласен за претседател во рамките на преоден период.
