свет

Во израелски воздушни напади погоден камп во кој се сместени раселените семејства во централна Газа

Израел уби повеќе од 62.100 Палестинци во Газа од октомври 2023 година. Воената кампања ја опустоши енклавата, која се соочува со глад.

Aida Cako  | 21.08.2025 - Обновена : 21.08.2025
Во израелски воздушни напади погоден камп во кој се сместени раселените семејства во централна Газа Фото: Ali Jadallah/AA

ПОЈАС ГАЗА (АА) - Во израелски напади денес се погодени шаторите во кои се засолнети раселените Палестинци во Деир ал-Балах, во централниот дел на Појасот Газа, предизвикувајќи опсежно уништување на кампот во кој се сместени околу 200 семејства, јавува Анадолу.

Израел уби повеќе од 62.100 Палестинци во Газа од октомври 2023 година. Воената кампања ја опустоши енклавата, која се соочува со глад.

Минатиот ноември Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за своите воени дејства во енклавата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.