свет

Високите дипломати на Кина и САД се сретнаа првпат во Малезија

– Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји и американскиот државен секретар Марко Рубио се сретнаа денес првпат на маргините на собирот на нивните колеги од Југоисточна Азија во Малезија, објави државниот весник „Глобал тајмс“

Berk Kutay Gökmen  | 11.07.2025 - Обновена : 11.07.2025
Високите дипломати на Кина и САД се сретнаа првпат во Малезија

ИСТАНБУЛ (АА) – Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји и американскиот државен секретар Марко Рубио се сретнаа денес првпат на маргините на собирот на нивните колеги од Југоисточна Азија во Малезија, објави државниот весник „Глобал тајмс“, јавува Анадолу.

Двајцата високи дипломати веројатно ќе разговараат за глобални прашања, како што се царините, трговијата, технолошките ограничувања, Украина, Тајван и Јужното Кинеско Море.

Ова е прва лична средба меѓу нив откако Рубио ја презеде функцијата во јануари.

Тие само еднаш телефонски разговарале во јануари.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.