свет

Венецуела до Меѓународниот кривичен суд поднесе тужба против САД

Шефот на венецуелската дипломатија Ареаса соопшти дека денес до Меѓународниот кривичен суд е поднесена тужба против САД поради воведените економски санкции кон Венецуела

Sinan Doğan   | 14.02.2020
Венецуела до Меѓународниот кривичен суд поднесе тужба против САД

АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Венецуела, Хорхе Ареаса, информираше дека неговата земја поднела тужба до Меѓународниот кривичен суд против Соединетите Американски Држави (САД) поради воведените санкции кон Венецуела и сторените злосторства против човештвото, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Ареаса преку својот профил на социјалната мрежа Твитер објави дека денес до Меѓународниот кривичен суд е поднесена тужба против САД поради воведените економски санкции кон Венецуела.

За тужбата, што ја окарактеризира како ‘историски настан’, Ареаса вели: „Статистиката е важен податок што ги покажува ефектите на санкциите врз народот во Венецуела. Постои широкораспространет, масовен и систематски напад врз нашиот народ.“

Министерот Ареаса истакна дека главна жртва на санкциите се цивилите на Венецуела.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın