Бомбашки напад врз Сомалиските специјални сили во Могадишу
Поранешниот министер за внатрешна безбедност и актуелен пратеник, Абдиризак Мохамед, соопшти дека Сомалиската национална армија била фатена во заседа во селото Булулу, околу 5 километри од подрачјето Афгоје

Somalia
МОГАДИШУ (АА) - Во близина на местото Афгоје, 30 километри јужно од Могадишу, извршен е бомбашки напад врз Сомалиските специјални сили во кој се стравува дека има загинати лица, чија бројка е сѐ уште непозната, јавува Агенција Анадолија (АА).
Првичните наводи иницираат дека милитантите прво детонирале бомба пред да отворат мала борба со жесток оган од огнено оружје со американските обучени специјални сили.
Поранешниот министер за внатрешна безбедност и актуелен пратеник, Абдиризак Мохамед, соопшти дека Сомалиската национална армија била фатена во заседа во селото Булулу, околу 5 километри од подрачјето Афгоје.
Тој рече дека добил информации за цивилни жртви.
„Ал Шабаб е повлечен од областа, додека двајца војници се здобиле со повреди и се однесени во Могадишу“, додаде тој.
Локален жител за АА телефонски изјави дека милитантите користеле експлозивен уред за да го започнат нападот.
На 28 декемри 2019 година, најмалку 85 лица, вклучувајќи двајца турски државјани, беа убиени, и повеќе од 150 други повредени во експлозија на камион во Могадишу. „Ал Шабаб“ презеде одговорност за тој напад.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.