Биткоинот урива нови рекорди, надмина 118.000 долари
- Според податоците од аналитичката платформа Коинмаркеткеп, вредноста на глобалниот пазар на криптовалути, вклучително и биткоинот, се зголеми за околу 5,92% во последните 24 часа и достигна 3,67 милијарди долари.

ИСТАНБУЛ (АА) – Биткоинот продолжи со раст и рано утринава достигнувајќи рекордно ниво од 118.239 долари околу 06:10 часот по Гринич (GMT).
Криптовалутата бележи континуиран раст последниве два дена, при што за помалку од 24 часа ги надмина нивоата од 113.000 и 115.000 долари.
Според податоците од аналитичката платформа Коинмаркеткеп, вредноста на глобалниот пазар на криптовалути, вклучително и биткоинот, се зголеми за околу 5,92% во последните 24 часа и достигна 3,67 милијарди долари.
Биткоинот, кој е највредна криптовалута според пазарната капитализација, од почетокот на годинава бележи пораст од речиси 26%.
Цената на етереумот, втора најголема криптовалута, се зголеми за околу 7%, достигнувајќи вредност од 2.993 долари.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.