Трамп изјави: „Изгледа дека имаме договор за Газа“
- „Мислам дека тоа е договор што ќе ги врати заложниците. Тоа ќе биде договор што ќе ја заврши војната“, истакна американскиот претседател

ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денес посочи дека е на дофат договор за ставање крај на речиси двегодишната војна на Израел во опколениот Појас Газа, известува Анадолу.
„Изгледа дека имаме договор за Газа и ќе ве известиме“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа додека се подготвуваше да замине на Рајдер купот.
„Мислам дека тоа е договор што ќе ги врати заложниците. Тоа ќе биде договор што ќе ја заврши војната. Ќе биде мир“, додаде Трамп.