политика

ЕУ се обидува да ја подобри соработка во одбраната со пет членки на НАТО кои не се членки на ЕУ, вклучително и Туркије

„Нашата соработка со истомислениците НАТО-партнери е од витално значење за меѓународната безбедност, за Украина. Да ги зајакнеме нашите заеднички одбранбени напори“, изјави Антонио Коста, претседателот на Европскиот совет

Burak Bir, Selen Valente Rasquinho  | 07.03.2025 - Обновена : 10.03.2025
ЕУ се обидува да ја подобри соработка во одбраната со пет членки на НАТО кои не се членки на ЕУ, вклучително и Туркије

Брисел

Соработката на Европската Унија (ЕУ) со истомислениците НАТО-партнери е „од витално значење за меѓународната безбедност“, рече денес претседателот на Европскиот совет, по видеоконференцијата со лидерите на земјите членки на НАТО кои не се членки на ЕУ, известува Анадолу.

ЕУ одржа видеоконференција со лидерите на Туркије, Обединетото Кралство, Канада, Норвешка и Исланд - земји кои се членки на НАТО, но не се во ЕУ.

„Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, британскиот премиер Кир Стармер, канадскиот премиер Џастин Трудо, норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе и Криструн Фростадотир, премиерката на Исланд, учествуваа на видеоконференцијата со лидерите на ЕУ“, рече Антонио Коста.

Тој истакна дека ги информирале лидерите за важните одлуки донесени на Европскиот совет што се одржа во четвртокот вечерта и средбата со украинскиот претседател Владимир Зеленски.

„Нашата соработка со истомислениците НАТО-партнери е од витално значење за меѓународната безбедност, за Украина. За зајакнување на нашите заеднички напори во одбраната“, објави Коста на платформата „X“.

„Заедно со нашите партнери во Европа, преку Атлантикот и пошироко, мораме да работиме на поддршката на Украина и да обезбедиме праведен и траен мир“, додаде Коста.

„Со нашиот план за REARM Europe (повторно вооружување на Европа), ја зајакнуваме одбраната. За одбрана на нашиот народ, територија и средства. И за долгорочна безбедност на нашиот храбар сосед Украина“, рече претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на платформата „X“.

На состанокот присуствуваше и високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Каја Калас, заедно со Коста и Фон дер Лајен.

Официјален претставник на ЕУ за Агенцијата Анадолу изјави дека Коста се фокусирал на Украина за време на состанокот, додека Фон дер Лајен зборувала за прашања од одбраната и ги информирала лидерите за резултатите од состанокот на Европскиот совет.

„Петте земји учеснички на состанокот ја поздравија оваа иницијатива и ја истакнаа важноста од блиска координација меѓу партнерите“, рече претставникот на ЕУ, истакнувајќи дека лидерите ја изразиле својата решеност да придонесат во заедничките напори за поддршка на Украина и унапредување на соработката во полето на одбраната.

„Тие ја истакнаа и важноста на НАТО и потребата Алијансата да ги комплетира сите напори“, информираше службеникот на ЕУ и истакна дека Коста се обврзал за продолжување на координацијата со лидерите учесници во овој формат.

Во заклучоците на Европскиот совет од четвртокот беше наведено дека ЕУ „ја нагласува важноста на заедничката соработка со истомислениците кои не се членки на ЕУ“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın