Бугарија ја одобри одлуката за заеднички прием на Северна Македонија и Албанија во ЕУ
„Северна Македонија и Албанија треба да бидат примени во ЕУ заедно, во спротивно може да се предизвика нестабилност во регионот“

СОФИЈА (АА) - Бугарската Влада ја одобри одлуката за поддршка на заедничкиот прием на Северна Македонија и Албанија во Европската Унија (ЕУ), јавува Anadolu Agency (AA).
Вицепремиерката и министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, на заедничката прес-конференција со вицепремиерот и министер за одбрана, Красимир Каракачанов, по седницата на Владата, рече дека е донесена одлука за поддршка за заедничкиот прием на Северна Македонија и Албанија во ЕУ.
„Северна Македонија и Албанија треба да бидат примени во ЕУ заедно, во спротивно може да се предизвика нестабилност во регионот“, истакна министерката Захариева.
„Захариева, истакнувајќи дека поддршката на нејзината земја за членство на соседна Северна Македонија не е „безусловна“, додаде: „Нашата поддршка за почеток на преговорите за пристапување на Северна Македонија во ЕУ зависи од строгата примена на Договорот за добрососедство што го потпишавме со оваа земја.“
Истакнувајќи дека Бугарија со големо внимание ќе ги следи случувањата во сите 35 поглавја од преговорите на Северна Македонија со ЕУ, Захариева нагласи: „Ако по многу години се донесе одлука за официјално членство на Северна Македонија во ЕУ, Бугарија ќе ја одобри само ако се исполнат критериумите во тие поглавја.“
„[Северна] Македонија доби жолт картон, но продолжува по патот кон ЕУ. Црвениот картон е во рацете на Бугарија. Нема компромис за историјата“, рече вицепремиерот Красимир Каракачанов.
Преговорите за Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Северна Македонија започнаа во 1992 година, но Договорот беше потпишан во 2017 година.
Мешовитите комисии, кои се занимаваат со проблемите меѓу двете држави за заедничката историја, сегрегацијата на јазиците и многу други прашања, постигнаа ограничен напредок во нивните преговори.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.