наука и технологија

Јадењето доцна навечер го зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања кај жените

„Досега истражувањата, кога станува збор за срцеви заболувања, се фокусираа на тоа што и во кои количества консумираме. Ова истражување ни покажа дека може да биде важно и кога јадеме“, истакна Нур Макарем од Универзитетот „Колумбија“

Emel Öz Gözellik   | 12.11.2019
Јадењето доцна навечер го зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања кај жените

ЊУЈОРК (АА) - Жените кои во вечерните часови консумираат поголем дел од дневниот внес на калории, се изложени на поголем ризик од кардиоваскуларни заболувања, се вели во неодамнешното истражување спроведено во Соединетите Американски Држави (САД), јавува Anadolu Agency (AA).

Во истражувањето на научниците од Универзитетот „Колумбија“ опфатени се 112 жени на просечна возраст од 33 години.

Студијата е работена една година, а податоците покажуваат дека поголем ризик за кардиоваскуларни заболувања имаат жените кои поголемото количество од дневниот внес на калории го консумираат по 18 часот.

Резултатите покажуваат дека поголемо количество калории внесени во вечерните часови го зголемуваат ризикот од покачен крвен притисок и индекс на телесната маса.

„Досега истражувањата, кога станува збор за срцеви заболувања, се фокусираа на тоа што и во кои количества консумираме. Ова истражување ни покажа дека може да биде важно и кога јадеме“, истакна Нур Макарем од Универзитетот „Колумбија“.

Резултатите од истражувањето ќе бидат претставени и на состанокот на Американската асоцијација за срце, што ќе се одржи во Филаделфија од 16 до 18 ноември.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.