наука и технологија

Тојота ќе прави вселенско-истражувачко возило за Јапонија

- Компанијата „Тојота моторс“ (Toyota Motors) ќе произведе вселенско возило за истражување на Месечината

Emre Aytekin  | 17.07.2019 - Обновена : 19.07.2019
Тојота ќе прави вселенско-истражувачко возило за Јапонија

ТОКИО

Компанијата „Тојота моторс“ (Toyota Motors) ќе произведе вселенско возило за истражување на Месечината, пренесува Anadolu Agency (AA).

Тојота потпиша договорот со Јапонската вселенска агенција (JAXA), а јапонската новинска агенција „Кјодо“ јавува дека во јапонското истражувачко возило кое ќе се користи технологија на „горивни ќелии“.

Во согласност со договорот, Тојота наредните три години ќе работи на истражувачко-развојната програма, а до 2024 година ќе се изработи прототип на возилото. Тестирањата и почетокот на сериското производство планирани се за 2027 година, а првото возило кое ќе се движи по површината на Месечината се очекува да биде испратено во 2029 година.

Вселенското возило на Тојота ќе има регулиран внатрешен притисок, па астронаутите нема да мора во него да носат специјална вселенска облека.

Возилото ќе работи на ќелиски погон кој Тојота веќе го користи и во некои свои хибридни возила. Во оваа технологија се соединуваат атомите на водород и кислород, при што се добива енергија која се трансформира во електрична енергија. Возилото е во потполност еколошко, бидејќи во овој процес нема емисија на јаглерод во атмосферата, туку се ослободува само вода. 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın