Турција, наука и технологија

Првиот турски поморски проектил „Атмаџа“ спремен да влезе во воениот инвентар

Произведен од турскиот производител на проектили „Рокетсан“, „Атмаџа“ се очекува да влезе во инвентарот на турската Војска пред крајот на годинава, заменувајќи го американскиот „Харпун“

Jeyhun Aliyev   | 05.07.2020
Првиот турски поморски проектил „Атмаџа“ спремен да влезе во воениот инвентар

АНКАРА (АА) - Првиот поморски проектил од домашно, турско, производство го помина својот последен тест во Турција за лансирање на долги растојанија, изјави денес највисокиот официјален претставник на одбранбената индустрија во земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Проектилот „Атмаџа“ „ги изврши своите функции совршено, успешно ја погоди целта оддалечена над 200 километри и е спремен да влезе во воениот инвентар [на Турските вооружени сили]“, напиша на Твитер, Исмаил Демир, челникот на турското Претседателство на одбранбени индустрии.

Демир исто така сподели снимка од тестирањето.

Произведен од турскиот производител на проектили „Рокетсан“, „Атмаџа“ се очекува да влезе во инвентарот на турската Војска пред крајот на годинава, заменувајќи го американскиот „Харпун“.

Како што соопшти „Рокетсан“, „Атмаџа“ е високопрецизен проектил со долг дострел, со лансирање од површина до површина, прецизен противбродски проектил кој може да се интегрира на патролни чамци, фрегати и корвети.

Проектилот „Атмаџа“ достигнува опсег од над 200 километри, и претставува закана за целите далеку од визуелниот опсег.

Исто така, обезбедува ажурирање во врска со целта, повторен напад и можност за прекинување на мисијата преку модерна податочна врска.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın