наука и технологија

Натпревар за најдобри фотографии на НАСА: Турското езеро наспроти Sвездите на небото

Фотографиите, направени од астронаутите на Меѓународната вселенска станица (ISS), влегоа во финалето на специјалниот натпревар на НАСА

Sena Güler  | 07.04.2021 - Обновена : 08.04.2021
Натпревар за најдобри фотографии на НАСА: Турското езеро наспроти Sвездите на небото

АНКАРА (АА) - Во битката за најдобри фотографии направени од астронаутите, изборот се сведе на фотографијата од прекрасно турско езеро наспроти фотографијата од sвездите на небото, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Фотографиите, направени од астронаутите на Меѓународната вселенска станица (ISS), влегоа во финалето на специјалниот натпревар на НАСА.

Натпреварот, што започна на 8 март, вклучува фотографии од патувачи низ вселената во период од над две децении.

Последните фотографии во финалето се фотографијата од композит од sвезди во движење над Америка од 2012 година снимена од астронаутот Дон Петит и алкалното езеро во источна Турција, езерото Ван, фотографија направена во 2016 година од астронаутката Кејт Рубинс, според интернет-објавувачот „NASA Earth Observatory“.

„Во полуфиналето на натпреварот, фотографијата од езерото Ван освои 94 отсто од гласовите во однос на облак-кулата Кастеланус“, се вели на веб-страницата, укажувајќи на претходниот круг, во кој фотографијата за sвездите и светлините во движење од Земјата, исто така, успеала да влезе во финалето.

Фотографиите, кои прикажуваат уникатни прикази на планетата, беа собрани во четири групи - Единство, Купола, Судбина и Спокој - засновани на четири модули на вселенската станица.

Фотографијата од ѕвездите во движење од Петит беше во групата Единство, додека фотографијата од езерото Ван беше во групата Спокојство.

Гласачите имаат рок до 12 април напладне според источноамериканско време (1600 GMT) да ја изберат својата омилена фотографија на earthobservatory.nasa.gov/tournament-earth.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.