Турција, наука и технологија

Вооружениот турски дрон „Сонгар“ сѐ побаран во светот

„Работиме на структури кои можат да вршат повеќе летови, координирани летови, да интегрираат вештачка интелигенција и да летаат со машинско учење. Знаеме дека производот треба да се развива на овој начин, дека технологијата се движи во таа насока“

Göksel Yıldırım   | 23.06.2022
Вооружениот турски дрон „Сонгар“ сѐ побаран во светот

АНКАРА (АА) - Бариш Дузѓун, генералниот директор на одбранбената компанија „Асисгард“ од Туркије (Турција), за Агенција Анадолија изјави дека спроведуваат бројни активности за развој на вооружените дронови, електроника на копнени возила и електрооптички камери, јавува Агенција Анадолија (АА).

Тој објасни дека проектот на турскиот дрон „Сонгар“ започнал во 2018 година и по две години интензивни истражувачки и развојни активности прераснал во посебен производ.

Како што рече, осум вооружени дронови „Сонгар“ оставиле на располагање на жандармеријата на Туркије, специјалните сили, копнените сили и турските единици за специјални операции, според договорот потпишан со одбранбената индустрија на Туркије (ССБ) во декември 2019 година.

Дузѓун истакна дека добиле повратни информации за проектот од теренот, благодарение на пилот-испораките и истакна дека продолжиле да развиваат софистицирани производи.

Укажувајќи дека компанијата има акумулирано значителен интелектуален капитал во текот на целиот процес, Дузѓун рече дека тие искуства се пренесени во развојот на дронот Сонгар.

„Го интегриравме МПТ-55 со Сарсилмаз. Со оружјето во инвентарот, „Сонгар“ го направивме производ според стандардите на НАТО. Ова, всушност, покажува дека имаме способност да интегрираме оружје во земји кои користат 5,45 милиметри. Потоа, наместо да развиваме некои различни дронови, додадовме различни компоненти на нашиот дрон. Успешно интегриравме фрлач на гранати од калибар 40 милиметри, систем за лансирање на ракети, димна бомба и муниција „Тоган“ од 81 милиметар“, објасни Дузѓун.

- Целта е да се направи дронот што пофункционален -

Како што рече, целта е да се направи дронот што е можно пофункционален, наместо да се продаваат какви било дронови.

„Наместо да правиме различни дронови, сакавме да го украсиме овој дрон со толку многу компоненти. Не е доволно само оружјето. Дронот треба да види каде пука. Во тој контекст, на нашиот дрон ја додадовме можноста за ноќен надзор“, рече Дузѓун.

Зборувајќи за извозно ориентираните активности што ги спроведуваат, Дузѓун истакна дека развојот на одбранбената индустрија во Туркије го намалила уделот на домашниот пазар, ја зголемила конкуренцијата и направила неопходно да се прошири во странство.

Тој додаде дека оваа одбранбена компанија особено се фокусирала на одредени региони во контекст на извозот.

„Африка е место на кое сите се фокусирани и кое се развива, и затоа можеме да го преземеме нашиот удел на тој пазар. Азија и Азија - Пацификот се, исто така, места каде што можеме да имаме пазарен удел. Видовме дека можеме да најдеме пазар на Арапскиот Полуостров. Нашиот прв извоз беше во Северна Америка. Сега имаме голем интерес од Африка и веќе направивме продажба во Африка. Направивме значителна продажба и во Азиско-пацифичкиот Регион. Мислам дека ова ќе биде огромен чекор напред за нашата компанија и нашата земја“, изјави Дузгун.

- Врвна верзија на вооружениот дрон „Сонгар“ -

Тој додаде дека во Азија и на Пацификот бараат врвна верзија на дронот „Сонгар“, истакнувајќи дека во регионот ќе испорачаат производ со можности за ноќен надзор, кој може да носи оружје од 5,56 милиметри и да ги исполни посебните барања на корисниците.

„Ова секако ќе ни овозможи да интегрираме нови системи во „Сонгар“ и да стекнеме предности на новите пазари“, рече Дузѓун.

На крајот, тој истакна дека сакаат да учествуваат во концептот „Дигитална војска“, на кој „Сонгар“ и „Хавелсан“ работат во средина каде што употребата на автономни системи на бојното поле станува широкораспространета.

„Работиме на структури кои можат да вршат повеќе летови, координирани летови, да интегрираат вештачка интелигенција и да летаат со машинско учење. Знаеме дека производот треба да се развива на овој начин, дека технологијата се движи во таа насока“, рече Дузѓун.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın