Турција, наука и технологија

Беспилотното летало „Бајрактар“ ДИХА со вертикално слетување го заврши тестот за летање на 8.000 стапки

„Бајрактар“ ДИХА е мини-тактичко летало од класата на беспилотни летала способно да функционира во извидувачки и разузнавачки мисии.

Abdulkadir Günyol  | 12.01.2023 - Обновена : 13.01.2023
Беспилотното летало „Бајрактар“ ДИХА со вертикално слетување го заврши тестот за летање на 8.000 стапки

ИСТАНБУЛ (АА) - Беспилотните летала со вертикално слетување „Бајрактар“ ДИХА од турско производство успешно го завршија тестот за летање на оперативна височина од 8.000 стапки, објави производителот на беспилотни летала „Бајкар“, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Водечката турска одбранбена компанија „Бајкар“ сподели снимка на Твитер на која се гледа како „Бајрактар“ ДИХА се издигнува директно во воздухот, над облаците и вертикално се спушта назад надолу.

„Бајрактар“ ДИХА е мини-тактичко летало од класата на беспилотни летала способно да функционира во извидувачки и разузнавачки мисии.

Дронот има можности за автоматско крстарење, автономно полетување, автономно слетување и полуавтономно крстарење.

Со опсег на комуникација до 150 километри (околу 93 милји), бензинскиот мотор со ниска потрошувачка на гориво на „Бајрактар“ (ДИХА) нуди долго траење на летот.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.