Турција, наука и технологија

Астронаутот Гезеравџи: Експериментите со растенија ни помагаат да ги разбереме убавините на светот

„Секој чекор којшто го правиме е за иднината на нашиот свет“, истакна Гезеравџи

Zeynep Duyar  | 02.02.2024 - Обновена : 06.02.2024
Астронаутот Гезеравџи: Експериментите со растенија ни помагаат да ги разбереме убавините на светот

АНКАРА (АА) - Првиот турски астронаут, Алпер Гезеравџи, истакна дека експериментите со растенија што ги извршил во вселената, придонесуваат во тоа да се разберат неограничените убавини на светот, пренесува Анадолу.

Гезеравџи го истакна ова преку објава на социјалната платформа X.

Тој објави и една фотографија од експериментите кои ги извршил на Меѓународната вселенска станица (МВС).

„Експериментите со растенија кои ги извршив во вселената, помагаат во разбирањето на неограничените убавини на светот, кој е наш дом“, напиша Гезеравџи.

„Овие истражувања исто така ја мерат реакцијата на растенијата на суровите услови поради променливите климатски настани“, додаде првиот турски астронаут.

„Секој чекор којшто го правиме е за иднината на нашиот свет“, истакна Алпер Гезеравџи во својата објава на социјалната платформа X.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın