Турција

„Турција останува важен актер во регионот и силен сојузник на Катар"

Министерот Тани зборуваше на симпозиумот во Мароко, а во таа прилика се осврна и на односите на неговата земја со Турција

Zeynep Hilal Karyağdı  | 04.11.2017 - Обновена : 05.11.2017
„Турција останува важен актер во регионот и силен сојузник на Катар"

Ad Dawhah

ДОХА (АА) - Катарскиот министер за надворешни работи, Мухамед бин Абдурахман бин Јасим ал Тани, изјави дека Турција ќе остане многу значаен актер во регионот и дека ќе продолжи да биде силен партнер и сојузник на Катар, јавува Anadolu Agency (AA).

Како јавува катарската новинска агенција QNA, министерот Тани зборуваше на симпозиумот во Мароко, а во таа прилика се осврна и на односите на неговата земја со Турција.

Зборувајќи за барањата кои се упатуваат до Катар да ги прекине односите на воен план со Турција, Тани изјави дека тоа е неприфатливо за една земја со авторитет.

Во тој контекст, Тани нагласи дека исто така еден ден може да се случи да се бара протерување на американските сили од регионот или прекинување на соработката на одбрамбениот план со Франција или Велика Британија.

Тој додаде дека неговата земја и Турција имаат стратешки и многу цврсти односи на полето на одбрана, економија, трговија и инвестиции, и потсети дека Катар претходно со Турција, Франција и Велика Британија потпишал договори на полето на одбрамбена соработка.

„Турција и понатаму ќе остане значаен актер во регионот и ќе продолжи да биде силен партнер и сојузник на Катар“, истакна Тани.

Тој исто така се осврна и на односите на Катар со Газа и Хамас.

„Доха го поддржува народот на Газа и активностите на обнова на овој регион за повторно да биде воспоставен мир и стабилност. Доха никако не го поддржува движењето. Нашата поддршка е крајно транспарентна и отворена“, порача катарскиот министер Тани.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın