политика

ЦУК: На 195 да се пријави само потреба за процена на безбедноста

Од ЦУК истакнуваат дека екипи од ИЗИИС, заедно со претставници од скопските општини, денес и во наредните денови ќе направат увид во станбените згради и во останатите објекти за домување каде што се пријавени оштетувања

Ivana Ramadanova  | 13.09.2016 - Обновена : 13.09.2016
ЦУК: На 195 да се пријави само потреба за процена на безбедноста

Skopje

СКОПЈЕ (AА) - Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните на бројот 195 да се пријавуваат само потреби за процена на безбедноста на објектот, а не за процена на штета за обесштетување, по серијата земјотреси во изминатите два дена во Скопје и околината, јавува Anadolu Agency (AA).

Бројот 195 е во функција на граѓаните, за да пријават потреба од процена на безбедноста на објектот, неговата функционалност, како и дали е безбеден за престој, соопшти денеска ЦУК. Граѓаните што не можат да добијат слободна линија на бесплатниот телефонски број за итни повици 195, да испратат податоци (име, презиме, телефонски број за контакт, точна адреса и краток опис на штетата предизвикана од земјотресот) на rcukskopje195@cuk.gov.mk. и mail@cuk.gov.mk, се вели во соопштението на ЦУК.

Од ЦУК истакнуваат дека екипи од Институтот за инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), заедно со претставници од скопските општини, денеска и во наредните денови ќе направат увид во станбените згради и во останатите објекти за домување каде што се пријавени оштетувања, за процена на безбедноста на објектот.

На бесплатната телефонска линија 195, од завчера се регистрирани 500 јавувања за пријава на штети на објекти во серијата земјотреси. Пријавите во најголем дел се однесуваат на разурнати фасади, оштетени кровови, скршени прозорци, паднати плафони, оштетени возила.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın