култура и уметност

Турскиот режисер Капланоглу добитник на специјалната награда „Златна камера 300“ на Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“

- Ја посветувам оваа награда на Фатима Хасуна, режисерката која беше убиена од израелските сили. Во нејзино име, во името на децата, жените и сите невини цивили кои претрпеа геноцид во Газа“, рече Капланоглу примајќи ја наградата од Коњановски.

Ahmet Nurduhan  | 20.09.2025 - Обновена : 22.09.2025
Турскиот режисер Капланоглу добитник на специјалната награда „Златна камера 300“ на Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“

БИТОЛА (АА) - Познатиот турски режисер Семих Капланоглу ја доби специјалната награда „Златна камера 300“ за извонреден придонес во светската кинематографија на 46-от Меѓународен фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој традиционално се одржува во Битолa, известува Анадолу.

Фестивалот, кој годинава се одржува по 46-ти пат во Културниот центар во Битолa во чест на „Браќата Манаки“, кои се сметаат за првите сниматели на Балканот, започна со дефиле по црвениот тепих.

На фестивалот присуствуваа претставници на Министерството за култура и туризам на Северна Македонија, Бирол Ѓувен, генерален директор за кинематографија во Министерството за култура и туризам на Република Турција, Тони Коњановски, градоначалник на Битола, како и бројни уметници и гости.


- „Фестивалот има поддршка од Министерството за култура и туризам“

Ѓувен, генерален директор за кино во Министерството за култура и туризам на Република Турција, изјави дека Турција го цени фестивалот и додаде:

„Ние сме две многу блиски земји. Фестивалот има поддршка од Министерството за култура и туризам. Тука сме со нашиот филм номиниран за Оскар. Семих Капланоглу ќе добие награда. Дојдовме заедно со нашите млади продуценти. Блиски сме (со Северна Македонија) и тука сме за да се зближиме уште повеќе.“

Градоначалникот Коњановски во своето обраќање рече дека Битола, како културен и традиционален град, повеќе од еден век го чуваат наследството што го оставиле браќата Манаки.

Директорот на фестивалот, Димитрија Доксевски, истакна дека на истиот фестивал бил презентер пред 19 години. Изразувајќи надеж дека учесниците ќе уживаат во седумдневниот фестивал, Доксевски рече: „Да живеат браќата Манаки.“


- Капланоглу својата награда им ја посвети на оние што претрпеле геноцид во Газа

Турскиот сценарист, филмски режисер и продуцент Капланоглу, автор на филмовите „Јајце“, „Млеко“, „Мед“, „Жито“ и „Хасановата заклетва“, ја доби специјалната награда „Златна камера 300“ за извонреден придонес во светската кинематографија, која претходно им беше доделена на водечки личности во светската филмската индустрија, меѓу кои се и Катрин Денев, Жулиет Бинош, Бруно Ганц, Милчо Манчевски, Јиржи Менцел и Андреј Кончаловски.

Наградата на Капланоглу му ја врачи градоначалникот на Битола, Коњановски.

Капланоглу го изрази своето задоволство што е во Битола, родниот град на браќата Манаки, и рече дека му претставува голема чест што му е доделена награда на овој филмски фестивал.

„Оваа награда е симбол на нашите колективни напори. Ја посветувам оваа награда на Фатима Хасуна, режисерката која беше убиена од израелските сили. Во нејзино име, во името на децата, жените и сите невини цивили кои претрпеа геноцид во Газа“, рече Капланоглу.


- На фестивалот ќе биде прикажан турскиот филм „Еден од деновите кога почина Хеме“, номиниран за Оскар

На фестивалот на кој ќе бидат организирани голем број настани, како што се семинари и работилници, оваа година ќе бидат презентирани 70 филмови.

Вториот ден од фестивалот ги вклучува проекциите на филмот на Капланоглу „Жито“ и филмот на Турција, номиниран за Оскар „Еден од деновите кога почина Хеме“.

Во меѓувреме, „46-тиот Меѓународен фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ ќе трае до 26 септември.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.