култура и уметност

Палатата Алхамбра, која е на Листата на светско културно наследство на УНЕСКО, го зачува својот сјај до денешен ден

Градбата, која ја зачува својата единствена елеганција составена од оригинални мотиви на архитектурата на Андалузија, е меѓу најважните богатства на исламската архитектура

Berk Özkan  | 23.09.2022 - Обновена : 27.09.2022
Палатата Алхамбра, која е на Листата на светско културно наследство на УНЕСКО, го зачува својот сјај до денешен ден Фото: Berk Özkan/AA

ГРАНАДА (АА) ‒ Палатата тврдина Алхамбра, која е на Листата на светско културно наследство на УНЕСКО, со својот раскош продолжува да привлекува внимание кај туристите, јавува Агенција Анадолија (АА).

Прекрасната палата започна да се гради во средината на 13 век во Гранада, главниот град на државата Бен-и Ахмер. Палатата е изградена на површина од 142.000 квадратни метри. Со својот декоративен стил и градините до денешен ден го задржува својот раскош.

Градбата, која ја зачува својата единствена елеганција составена од оригинални мотиви на архитектурата на Андалузија, е меѓу најважните богатства на исламската архитектура. На ридот каде што се наоѓа, доминира околу осум века.

Палатата Алхамбра, која е на Листата на светско културно наследство на УНЕСКО, секоја година пречекува милиони туристи од различни земји во светот.

Туристите, кои доаѓаат во регионот за да ја запознаат исламската цивилизација и да ја истражуваат архитектонската структура, исто така поминуваат време во уникатната ботаничка градина на палатата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.