Валенсија: Фестивалот „Лас Фалас“ заврши со палење на џиновски кукли
Од 1 до 19 март секоја година, Валенсија го слави фестивалот „Лас Фалас“, фестивал кој ги комбинира традицијата и уметноста.

ВАЛЕНСИЈА (АА) - Повеќедневниот фестивал „Лас Фалас“, што уште од 18 век се одржува во Валенсија, Шпанија, заврши со палење на џиновски кукли, јавува Анадолу.
Фестивалот во 2016 година беше вклучен на листата на културно наследство на УНЕСКО.
На затворањето на фестивалот, стотици луѓе се собраа да го гледаат палењето на огромната кукла.
Од 1 до 19 март секоја година, Валенсија го слави фестивалот „Лас Фалас“, фестивал кој ги комбинира традицијата и уметноста.
Жителите на градот се собираат да ги прослават последните денови од зимата и доаѓањето на пролетта со спектакуларен оган и огномет.