свет, Коронавирус

Во светот со Ковид-19 досега се заразија над 31,78 милиони луѓе

Во Соединетите Американски Држави (САД), каде што се потврдени најмногу заразени и починати од Ковид-19 во светот, заразени се 7.097.937 лица, а од последиците на вирусот починаа 205.471 лице

Emel Gözellik, Gökhan Varan  | 23.09.2020 - Обновена : 24.09.2020
Во светот со Ковид-19 досега се заразија над 31,78 милиони луѓе

АНКАРА (АА) - Со новиот тип коронавирус, Ковид-19, кој изби во кинескиот град Вухан, во светот досега се заразија 31.787.504 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Податоците објавени на „Worldometer“, интернет-страницата на која се достапни информации за епидемиолошката ситуација во светот, покажуваат дека од последиците на вирусот починале 975.541 лице.

Бројот на заразени е зголемен на 31.787.504 лица, додека 23.402.708 лица оздравеа. Активни се 7.409.255 случаи.

Во Соединетите Американски Држави (САД), каде што се потврдени најмногу заразени и починати од Ковид-19 во светот, заразени се 7.097.937 лица, а од последиците на вирусот починаа 205.471 лице.

Земји со повеќе од 300.000 заразени се и Индија (5.646.010), Бразил (4.595.335), Русија (1.115.810), Колумбија (777.537), Перу (776.546), Мексико (705.263), Шпанија (682.267), Јужноафриканска Република (663.282), Аргентина (652.174), Франција (468.069), Чиле (448.523), Иран (429.193), Велика Британија (403.551), Бангладеш (352.178), Саудиска Арабија (330.798), Ирак (327.580), Пакистан (307.418), Турција (306.302) и Италија (300.897).

Земји со повеќе од 10.000 смртни случаи, покрај САД се Бразил (138.159), Индија (90.021), Мексико (74.348), Велика Британија (41.825), Италија (35.738), Перу (31.586), Франција (31.416), Шпанија (30.904), Иран (24.656), Колумбија (24.570), Русија (19.649), Јужноафриканска Република (16.118), Аргентина (13.952), Чиле (12.321) и Еквадор (11.126).

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın