свет, Коронавирус

Австрија го суспендира Законот за задолжителна вакцинација

- Австриската Влада денеска објави дека нема да започне со спроведување на Законот за задолжителна вакцинација против коронавирусот за повеќето возрасни лица кон средината на март, како што е планирано

Associated Press  | 09.03.2022 - Обновена : 12.03.2022
Австрија го суспендира Законот за задолжителна вакцинација

ВИЕНА (АА) - Австриската Влада денеска објави дека нема да започне со спроведување на Законот за задолжителна вакцинација против коронавирусот за повеќето возрасни лица кон средината на март, како што е планирано, јавува Агенција Анадолија (АА).

Телевизијата ОРФ објави дека Владата на Австрија денеска објавила дека Законот за задолжителна вакцинација против коронавирусот е суспендиран и дека во моментов нема потреба од негово спроведување. Најавено е дека стручната комисија ќе ја преоцени состојбата кон средината на јуни.

Задолжителната вакцинација за лицата постари од 18 години беше законски регулирана на почетокот на февруари, два и пол месеци откако беше објавена за време на бранот на делта-варијантата на коронавирусот.

Планирано беше полицијата кон средината на март да почне со проверка на вакциналниот статус на населението, а за оние кои при контролата не би имале доказ за вакцинација или не би го доставиле подоцна, предвидени беа казни од 600 до 3.600 евра.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın