Турција, живот

Турција: Златножолтите полиња со маслодајна репка природно студио за фотографите

Во Киркларели, северозападна Турција, со расцветувањето на маслодајната репка пожолтеа полињата кои се наоѓаат во подножјето на планината Јилдиз. Репката која е засадена подоцна, продолжува да расте со зелени нијанси

Özgün Tiran   | 22.04.2021
Турција: Златножолтите полиња со маслодајна репка природно студио за фотографите Фото: Salih Baran/AA

КИРКЛАРЕЛИ (АА) - ОЗЃУН ТИРАН –

Љубителите на фотографијата од голем број градови во Турција доаѓаат во подрачјето на Тракија за да фотографираат на полињата со маслодајна репка кои се во златножолта боја, пишува Агенција Анадолија (АА).

Во Киркларели, северозападна Турција, со расцветувањето на маслодајната репка пожолтеа полињата кои се наоѓаат во подножјето на планината Јилдиз. Репката која е засадена подоцна, продолжува да расте со зелени нијанси.

Таа привлекува внимание со убавината на различните нијанси на жолтата боја за која луѓето од различни делови на Турција доаѓаат во регионот.

Полињата, кои добиваат посебна убавина, особено при изгрејсонце и зајдисонце, од голем број на професионални фотографи се користат како природно студио.

Користејќи ги тоновите на бојата на маслодајната репка (канола) како заднина, фотографите понекогаш ги збогатуваат своите фотографии давајќи им додатоци на паровите како чадори, а понекогаш и виолини.

- На визуелната убавина се додава музика -

На настанот што се одржа во областа Пехливанкој во Киркларели, фотографи од различни градови на Турција како што се Анкара, Измир, Истанбул и Едрене, се потрудија да направат најдобра фотографија.

Ѓулшен Ѓурсес, основачката на работилницата „Павли“ во изјавата за АА рече дека со настаните што ги организираат, голем број фотографи од цела Турција започнале да доаѓаат во областа.

Истакнувајќи дека многу настани се одложени поради епидемијата од Ковид-19, Ѓулшен Ѓурсес рече дека љубителите на фотографијата поминуваат низ еден тежок период.

„Ние, покрај тоа што уживаме во природната убавина, како љубители на уметноста ги фотографираме преубавите полиња. Истовремено изведувајќи музички нумери во живо ја задоволуваме душата“, рече Ѓурсес.

Упатувајќи порака до сите да ги посетат богатствата на Тракија, Ѓурсес нагласи: „Новата адреса на агротуризмот е Тракија. Ваква организација нема во ниту еден дел на Турција, затоа интересот е голем.“

Фотографот Бахадир Арџан од Истанбул истакна дека со фотографиите направени тука учествувале на различни натпревари во регионот и освоиле награди.

Арџан, наведувајќи дека учествуваат на вакви настани секогаш кога имаат можност, истакна дека особено во овој период во полињата со маслодајна репка може да се направат многу добри фотографии.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.